Ако е точно дека премиерот во заминување Заев веќе направил нов нацрт-договор со кој се откажува од македонскиот јазик, идентитет и историја тоа ќе биде огромен пораз за македонската држава, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Коцкарската игра на премиерот во заминување Заев му носи пораз и на преговарачка маса со Бугарија и во СДСМ. Измамникот Зоран Заев трајно ги наруши позициите на Македонија во однос на Бугарија.
Тој ги поткопува темелите на државноста и ја поганува жртвата на Илинденците и Партизаните за македонска држава“.
Од партијата велат дека нема да дозволат срамот на Заев да биде колективен срам за македонскиот народ.
„ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот нема да дозволи Заев да ја распродава Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое се додава и дека Заев повеќе нема легитимитет да преговара и затоа треба да си даде оставка.