Планот на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт е доколку Заев потпише анекс, нов договор во кој не се заштитени македонските интереси истиот да биде поништен.
Ова во интервју за Република.мк го најавува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Сајкоски.
“Периодов опозицијата е исклучена од сите случувања кои се однесуваат на договорот со Бугарија. Но ние како ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати кажавме дека по доаѓањето на власт ќе го поништиме анексот на договорот со Бугарија доколку биде подпишан од страна на владата на Заев во ваква форма и на ваков начин на кој што во јавност ни го претставуваат”, вели во интервјуто Сајкоски.
На прашање дали власта е подготвена да удоволи на сите барања на Софија која задира во нашииот јазик, идентитет, историја и дали по скандалозното интервју на Заев за БГНЕС станува јасно дека кај него се е на продажба, Сајкоски вели:
“Владата потпиша договор со Бугарија во 2017 година на македонската јавност и беше претставен како договор за добрососедство пријателство и соработка, владата ова го претстави како голема придобивка за Македонија. Денес само три години од потпишувањето на договорот, гледаме дека договорот со Бугарија ниту е за добрососедство, ниту има нешто пријателско ниту може да донесе идна соработка на двете држави.
Барањата од страна на Бугарија слушаме и гледаме дека секојдневно се зголемуваат најпрво заедничка историја, идентитет, јазик секако морам да потенцирам дека ова се стари барања и датираат од 1878 година од Санстефанскиот договор. Но, ако низ годините оваа нивна идеја не била реализирана денеска гледаме власт предводена од Заев што е спремна да прифати се што ќе биде побарано од неа разговараат и за нашата посебност како народ. Имајќи го во предвид фактот дека народите се препознаваат и разликуваат меѓусебе преку јазикот, традицијата, културата, историјата, изградената колективна меморија. Барањата на Бугарија сега се јасни бараат да не постои македонски народ. Владата не поаѓајќи од историските документи, извори, сведоштва континуитет на постоење и борба на македонскиот народ ги руши сопствените позиции за жал и позициите на Македонија.
Сега се наметнува една дилема зошто баш сега дојде период да се негира постоењето на македонскиот народ или сега некој го докажува своето постоење со негирањетот на Македонците. Клучно прашање е дали нам ни е доведен во прашање и суверенитетот ако знаеме дека државата е суверена да ги регулира своите внатрешни работи: јазикот, националноста, образованието, учебниците и др.
Симптоматично е дека наместо овој договор да не зближи со Бугарија и со бугарскиот народ со кој имаме одлични односи не раздели како никогаш до сега”.
Целото интервју на овој ЛИНК