Во Министерството за финансии се заговара воведување на кризен данок, по примерот на воениот данок во 2001 година. Ова значи плаќање на дополнителен процент данок на буквално секоја финансиска трансакција. Тоа значи дека кога секој граѓанин ќе купува нешто или ќе плаќа сметка, ќе плаќа допонителна сума, процент од сметката на Владата, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„ На овој начин Владата на Зоран Заев става рака во џебовите на сите граѓани во државата и влијае на нивно дополнително осиромашување, покрај вртоглавиот раст на цените на прехрамбените производи, горивата, како и најавата за ново поскапување на електричната енергија – велат од партијата.

Тоа, додаваат ов ВМРО-ДПМНЕ го потврди и вицепремиерот Фатмир Битиќи.

– Претходно Владата преку научна конференција на Министерството за финансии и МАНУ, пушти пробен балон во јавноста за зголемување на даноците. Академикот Фити, татко на советничката на премиерот Нина Фити и член на ЦО на СДСМ, советуваше Владата да ги зголеми даноците и тоа прогресија на персоналниот данок, на данокот на имот и воведување на нов еколошки данок. Наскоро Македонија од земја со најниски давачки, ќе стане земја со највисоки давачки во регионот, што ќе се одрази на конкурентноста на економијата. Истовремено, остануваме земја со највисока стапка на сива економија од над 37% – бидејќи има бели мечки за кои законите не важат – велат од ВМРО-ДПМНЕ..

Од партијата  потсетуваат дека земјава од крајот на 2019 досега, односно за година и пол го зголеми јавниот долг за неверојатни 1,63 милијарди евра.

Плусинфо