Како синот на Заев стана најмладиот енергетски магнат на 18 години и кое искуство го има за да продава струја што е милионски бизнис, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.
„Дали Заев го фрла во оган и сопствениот син, со тоа што му основал фирма за дејност за која е потребно специфично знаење, и дали всушност работата ќе ја води тој од позадина?
Зошто Заев се крие зад синот?
Кои се причините за стравот на Заев и дали преку децата сака да ги пере парите од матните тендери?
Кои фирми ќе се јават како клиенти на фирмата на синот на Заев и дали тие ќе бидат принудени на соработка?
Дали клиентите кои ќе ги има фирмата на синот на Заев ќе бидат и фирми кои добивале повластици од владата?“, се прашањата што ги поставува ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека ја повикуваат ДКСК одблизу да го следи случајот со фирмата на синот на Заев, кој можеби е параван за самиот Зоран Заев.
