Нови партиски вработувања ги претрупуваат јавните претпријатија а градоначалничката Данела Арсовска за да ги задоволи апетитите на коалицијата ДУИ-СДС-Левица објавува незаконски огласи.

Станува збор за два огласи за вработување во јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ кои се објавени денес во два печатени дневни весника.

Без одобрување од страна на Советот на Град Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“ на чело со Сефи Шабани, објавува огласи за вработување на над 90 лица.

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – на кое основач е Советот на Град Скопје, и за истиот конкурс основачот нема дадено одобрување за нови огласи и вработувања, – сепак, кршејќи го законот, објавува јавни огласи за вработување.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Планот за нови вработувања во ова јавно претпријатие не го гласаше поради тоа што во истото има превработеност и поради полнење на претпријатието пред избори со партиски активисти на ДУИ-СДС-Левица.

Исто така со овие 2 нови огласи кои „Паркови и зеленило“ ги има објавено, се со одобрување на министерството за администрација, кое исто така го крши законот, бидејќи законска обврска за објавување на огласи за вработување на ЈП „Паркови и зеленило“ е да бидат изгласани од Советот на Градот Скопје.

Ги повикуваме надлежните институции да го истражат овој криминал и веднаш да преземат соодветни мерки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.