И површно читање на Законот за попис дава јасна претстава дека најавениот попис нема да биде ниту статистичка ниту политичка туку пред се партиска операција.

Ако се прочитаат внимателно членовите на Законот за попис со кои се определува како се бираат шефовите и членовите на телата кои на локално ниво ќе го спроведуваат пописот станува јасно дека во април ќе се случува не политичка операција како што тврди ВМРО-ДПМНЕ туку партиско пребројување на граѓаните.

Во еден од членовите од Законот се вели дека единиците на локална самоуправа односно градоначалниците ќе ги бираат членовите на локалните реонски комисии.

Друг член определува дека претседатели на овие реонски комисии ќе бидат, внимавајте сега, секретарите на општините.

Кај нас овие лица од многу одамна не се професионалци кои се стручно технички или традиционално административни лица туку се партиски именувани односно партиски војници.

Ова конкретно значи дека во одредена општина може да има луѓе кои што на факултет положиле предмет статистика, најчесто на економските факултети, но ако немаат партиска поддршка во Комисијата ќе ја води правник (најчесто) а во неа ќе бидат кооптирани дипломирани земјоделци, лингвисти, уметници, актери, нутриционисти или историчари.

Практично со реонските пописни комисии ќе управуваат градоначалниците и секретарите на општините кои во 95 насто од случаите во моментов се партиски војници на СДСМ и ДУИ.

Предходно како што тоа го укажа новинарот Саше Димовски ДУИ од оваа позиција “секретар на општина” регрутираше повеќе кандидати за високи позиции во најважните правосудни тела.

Преку командната позиција на општинско – партиските секретари во реонските пописни комисии индиректно ќе се влијае и на изборот на другите членови на реонските комисии но и на попишувачите кои што ќе го спроведуваат пописот.

Номинално овој избор и селекција од пријавените попишувачи ќе го вршат членовите на реонските комисии заедно со инструкторите кои што ги назначува Заводот за статистика но реално повторно со огромна веројатност и овде ќе бидат ангажирани партиски војници за прибирање на податоци од населението кое живее во земјава или пак е во странство.

Му се верува ли некому дека партиските војници во општините ќе пропушти да ги ангажира невработените партиски активисти ако се знае дека попишувачите за работниот ангажман ќе добијат хонорари кои се сосема пристојни за македонски услови и далеку ја надминуваат просечната плата.

Директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски тврди дека нема да дозволи партиите и политиката да се вмешаат во операцијата за која тој тврди дека е статистичка.

Но Симовски или не знае или глуми дека не знае за тоа дека огромен дел од попишувачите нема да ги следи насоките на ДЗС и Симовски туку на партиите што ги именувале.

Зарем Симовски се надева дека претседателите на Реонските комисии ќе го слушаат него ако дојде партиска наредба дека треба да се попишува “се живо и диво”.

А дека Симовски не треба да се зема сериозно кога дава гаранции за пописот покажа екс техничката заменичка во МВР Петровска која на емисија на МТВ директно негираше изјава на директорот на ДЗС.

Симовски на емисијата “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа на директно прашање рече дека во постпописната споредба со прибраните теренски резултати ќе се користат повеќе бази на податоци за граѓаните меѓу кои и Системот за гранично управување со кој се проверува кој кога влегол и излегол од Македонија.

Според Петровска која добро ја познава процедурата во МВР и граничното управување тоа не е можно. Со оваа изјава на политичарка која практично го направи Симовски неинформиран се покажува дека не експертите туку политичарите ќе го имаат финалниот збор за пописот.

По оваа изјава на Симовски не можам да му верувам ниту на неговиот тврдење дека тој и претседателите на Реонските комисии ќе можат во секој момент ќе влегуваат во процесот на прибирање на податоци со цел да ги елиминираат грешките или свесните обиди за фингирање.

Можеби Симовски лично ќе се обиде да го контролира процесот но за останатите луѓе од кои голем дел се со партиски задачи или притисок доверба не може да постои.

Вкупно според еден член на законот за попис во земјава ќе има 45 реонски комисии. Анализа на овој список дава повеќе индиции за сомнителни решенија ако се гледа етничкиот состав на населението и стандардите аплицирани таму што е посебен проблем.

Контролниот механизам на заменикот на Симовски, Селами од ДУИ кој покажа дека директорот греши за правото на најинформираниот на попишуваните адреси да ги пријави тие што не се тука со се нивната етничка и верска припадност е уште еден од елементите кој води до перцепција за партиски спроведен и контролиран процес кој има не економски туку партиски цели со акцент на етнички или верски аспекти.

Најчитано

Пукна тиквата, се бара принципот да важи за сите

Конфликт во Владата за двојните стандарди на вицепремиерот за корупција