Спасовски пред еден месец тврдеше дека многу скоро ќе се открие извршителот кој стои зад лажните дојави за бомби кои шират страв и несигурност кај граѓаните.

Од тогаш помина цел месец, а бројот на дојави се зголеми и освен јавни објекти цели на дојавите станаа и објекти за домување. Ова е веќе сериозен проблем. Со часови граѓани сред зима се надвор од дома затоа што надлежните не можат да го откријат сторителот или сторителите, се вели во соопштенмието на ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски е должен да ги искористи сите домашни капацитети, но и странска помош за да стави крај на тероризирањето врз граѓаните, институциите и компаниите во Македонија. За каква стабилна безбедносна состојба говори Спасовски кога министерството кое го води нема апсолутно никаков успех во справувањето со оваа закана“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.