ВМРО-ДПМНЕ објави дел од имињата на полицајците кои биле членови на група на Вајбер, каде наводно се давале наредби за малтретирање, следење, тепање на граѓани.

Од опозициската партија тврдат дека во јавноста случајот излегол бидејќи дел од полицајците не сакале да бидат дел од овие активности, по што протекле информациите.

– Ова се дел од лицата за кои имаме информации дека се дел од злосторничката група која давала наредби за тепање, убивање и казнување. Сите до еден се вработени во МВР и сите до еден одработувале за Заев и Спасовски: Дарко Цуцулоски – Командир на ОВР Прилеп, Трајан Комиција – Командир на БПС Прилеп, Емилија Велкоска – Началник на НККР Прилеп, Андреј Лашкоски – БПС, Игор Нешкоски – БПС, Стефан – гранична, Давор Паскоски – БПС, Мелита – ПС, Невенче – администратор во БПС, Кире Китаноски – личен шофер на Оливер Лукароски, Коста Талески – ПС во дежурна, Венко Илиески – БПС, Валентин Димоски – БПС, Жарко Цуцулоски – БПС, Андреј Дукоски – БПС, Теодора Китаноска – БПС, Александар Крајоски – БПС, Љубе Стојаноски – БПС, Стефан Кучкарот – БПС, Борче Црнески – БПС, Ванеса Колашинац – Заменик командир на ОВР Прилеп, Анастас Паризо – БПС, Игор Божиноски – БПС, Марјан Мачорот – БПС – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од МВР претходно ги отфрлија обвинувањата на опозицијата, иако истакнаа дека ќе биде спроведена истрага за да се испитаат наводите.