„Изјавата дека македонскиот јазик е јазик кој се заснова на територијата на денешна Република Македонија е груб фалсификат на научната вистина. Македонскиот јазик е јазик кој се заснова и на неговите дијалекти кои се простираат и надвор од Република Македонија“ се вели во најновото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова е став на официјалната наука и како таков македонскиот јазик е признаен и од ОН. Дијалектното простирање на македонскиот јазик ги надминува државните граници.
Македонскиот јазик е жив јазик и тој се проучува на голем број филолошки катедри низ светот. Власта со ваквата изјава го негира и сака да ја изврти научната вистина.
Дополнително историјата на македонскиот јазик не почнува од 1944 година, кога е кодифициран, туку многу пред тоа. Tоа не го кажува ВМРО-ДПМНЕ тоа е наука и становиште на науката кое е докажано, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
За овие предавства ќе има одговорност. Ковачевски ќе одговара за носењето на државата во подредена положба“ се вели во соопштението.
