Двоцифрената инфлација е поради неспособноста на СДСМ, народот тоне во сиромаштија поради Ковачевски, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„ДЗС објави дека инфлацијата во април е 10,5 % во однос на април минатата година. Цените на основните продукти и услуги за една година се зголемени од 10 до над 50 %.

Во истиот период нема зголемување ниту на платите ниту на пензиите. Народот е сè посиромашен.

Со лошите економски политики инфлацијата само може да расте. Со оваа Влада државата е во опасност од економска катастрофа.

СДСМ и ДУИ се причината за кризите во кои е западната државата и тие не може да бидат решение.

Потребни се предвремени парламентарни избори. По победата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе добие одговорна и посветена влада, која ќе се насочи на заздравување на економијата“, се наведува во соопштението на опозициската партија.