Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена Александар Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, пратеник и претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и Ангел Карапетров, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија во општина Тетово положи свежо цвеќе на спомен-обележјето на убиените пропадници на Армијата кај Карпалак.
„21 година од погибието на 10 армиски припадници кај Карпалак. Нема да биде заборавена нивната жртва за нашата слобода. Македонија памети. Слава им“- порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на годишнината од масакрот.
