Македонските власти ја бојкотираат и не се консултираат со највисоката научно образовна институција во земјата за ниту една важно прашање за земјата.
Ова во емисијата Заспиј ако можеш го открива академик Љупчо Коцарев кој беше гостин на Горан Момироски и Драган Милосављевиќ.
Академикот открива дека покрај опструкциите кои МАНУ ги има од министерството за финансии владата воопшто не ја консултира академијата за стратешките и други важни прашања.
Коцарев во емисијата зборува за повеќе теми и открива дека власта не ја консултирала МАНУ ниту за Преспанскиот ниту за бугарските договори ниту пак за прашањата поврзани со образование и наука иако МАНУ е највисоката научна установа во Македонија.
Коцарев вели дека кога дошол на чело на МАНУ решил да не молчи за ниедна тема која е штетна за Македонија и нема да се откаже од битката за вистината за Македонија.
Целата емисијата на овој линк