Oд 1 август во државава ќе се прогласи нова енергетска криза. Деталите јавноста се уште не ги знае. Од средбите на меѓувладините работни групи кои вчера и денеска дискутираат за детална примена на постигнатите договори во рамките на Отворен Балкан, стигнуваат оптимистички најави дека соседите заедно кризата полесно ќе ја пребродат. Македонските експерти се скептични. Во Европа веќе се воведуваат сериозни мерки за штедење.
Македонските надлежни органи уверуваат дека се мобилизираат за тешките зимски месеци. ЕСМ тврди дека веќе се ископани и договорени потребните количини јаглен и мазут за континуирано производството на електрична енергија. Последната набавка од 550.000 тони веќе се реализира, тврдат од ЕСМ и додаваат дека овој јаглен ќе се користи за облагородување на домашниот јаглен кој е нискокалоричен. Владата најавува дека зимава ќе работат трите блока во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се сомневаат на ваквите тврдења и сметаат дека веќе се доцни со набавката на јаглен и оти ќе се прогласи кризна состојба за да може да се активира договорениот кредит од ЕБРД од 100 милиони евра за ликвидноста на ЕСМ за да може да се купува струја кога ќе има недостиг од јаглен и од мазут за домашните капацитети. Европските банкари понудата да ни дадат кредит за ЕСМ од 100 милиони евра, кој ќе биде обезбеден со државна гаранција, ја доставиле до земјава и до компанијата уште во март годинава.
Јагленот се купува од Албанија, Грција и Косово. Цената по која сега се купува јагленот е од 55 до 65 евра за еден тон.
Линк до целиот текст.