Власта лажела дека заради субвенвциите Македонците плаќаат најевтина струја во Европа

Македонските граѓани плаќаат најскапа струја споредено со граѓани на другите држави во регионот. Невистини се тврдењата на владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најефтина струја во Европа.

Ова го тврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој објавува две табели на европската статистичка агенција Еуростат однкоинсе гледа дека сите земји во регионот поаѓаат зналутелно поефтина струја од Макеоднија.

,,Имено, според EUROSTAT, цената на струја која македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5€/MWh. Според истиот EUROSTAT во првото полугодие од 2022 година, граѓаните во регионот плаќаат многу поефтина струја.

Ветуваа живот, ефтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн…, а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа цена на струја по 69,5 €/MWh (слика 2) или за 22,5% помалку од цената на струјата која ја плаќале во првото полугодие од 2022″, наведува Мицкоски чиј план за набавка на поефтини енергенски по првично одбивање владата сега почна да го спроведува.