Актерот Владо Јовановски со резигнирана реакција за неспроведувањето на судските одлуки во корист на „Јадран филм“ против Агенцијата за филм и нејзиниот поранешен директор Горјан Тозија во врска со телевизиската серија „Македонија“.

„Има многу г’н’си во овој случај кои ќе се препознаат – допрва… Стари удбаши, кодоши, профитери, кои јадеа лајна, и уште јадат, против серијата ‘Македонија’ и против некои актери кои почнаа да снимаат во истата серија.

Бог да си го прости Ристо Шишков.

Бог да ги бие шпиуните – кодошите!

А тоа дело, ‘Македонија’, не требаше да биде ‘случај’, туку уметничко филмско дело, во три-четири временски периоди, каде што освен тоа што ќе се промовираше македонската историја, култура и уметност… во истото дело ќе играа скоро сите македонски актери и ќе моравме да увезуваме и од странство.

Досега серијата ќе ја гледавме во кино и на телевизија.

Нејсе… и утре има ден!

Сè ќе си дојде на свое место, еден ден!“, коментира Јовановски на Фејсбук.