Актерот Владо Јовановски, еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, со порака во врска со „споделената историја“.
„Споделена историја имаме и со Германците, и со Италијанците, и со Албанците, и со Грците, и со Србите, и со Власите, и со Ромите, и со Хрватите, Словенците, Црногорците, Египќаните, Унгарците и со сиот свет…!
Но, признајте нè како МАКЕДОНЦИ… (одамна ви е кажано)!
А, пак, веќе не ни е ни важно…!!!
Одамна сте прочитани!
П.С. Македонија, Македонците и македонизмот не можете да ги уништите.!
И…? Сега што правиме?
Ќе ги ништите, како што ги ништевте Македонците и македонскиот идентитет или сега се освестувате дека македонизмот не е само ‘Сенка на мечта една’, туку е светлина…
Просветителство во овој дел од светов!“, вели Јовановски во својата објава на Фејсбук.