Владо Јовановски, актер и ,,терорист”: Ве љубам сите, да живее Македонија

“Снимив 50 претстави, филмови, реклами за да се јакне културата на Република Македонија“, рече за време на судењето актерот Владо Јовановски, обвинет за случувањата на време на крвавиот четврток во Собранието.

„Ова што ми се случува не дека не можам да го разберам, но одбивам да бидам хипнотизиран и да поверувам дека јас сум терорист. Жалам за повредените. Длабоко се извинувам. Не го љубам насилството. Зборот, освен тоа што има текст, има и контекст и поттекст и мисла, емоција, вибрација и фреквенција. Да сме живи и здрави и да живее Република Македонија. Ве љубам сите“, рече Јовановски.