Валдиниот протокол кој стана познат по своите гафови за време на Зоран Заев продолжува со дипломатско-протоколарните киксови и во времето на Ковачевски.

Во последнава недела, беа реализирани две официјални посети на премиерот на Бугарија во Скопје и на премиерот на Македонија во Софија.


При правата официјална посета на премиерот на Бугарија во Скопје, владината служба за протокол направи двa протоколарни пропусти, кои се понепријатни за нас како домаќини отколку за гостинот, тврдат професионални наоци познавачи на дипломатските и државни протоколи кои инсистираат на анонимност за expres.mk.

Првиот гаф е направен на самиот официјален пречек со државни и воени почести на платото пред владата на Македонија каде погрешно беа поставени државните знамиња на јарболите.

Државните знамиња при официјални и работни посети се поставуваат така што знамето на државата гостин треба да биде десно од знамето на државата домаќин, гледано кога знамињата се позади вашиот грб.

Во споменатиот случај како што беа поставени државните знамиња, домаќинот и гостинот имаат заменети улоги.

При втората посета на премиерот на Македонија во Софија каде организатор на наата отнбеше бугарскиот државен протокол не се случи грешка и беа целосно испочитувани протоколарните правила.

Вториот протоколарен гаф се случил во Скопје при билатералната средба на двајцата премиери во кабинетот на нашиот премиер, односно на тет – а – тет средбата, каде повторно погрешно беа поставени државните знамиња, со што и премиерите седеа погрешно.

Според експертот за прост кол вака поставениот ред на седење покажува дека премиерот на Бугарија е домаќин на средбата, а не премиерот на Македонија.

Протоколарно правило е гостинот секогаш да биде од десната страна на домаќинот како што тоа соодветно се случило во Софија.

Дали владиниот протокол овие гафови ги направил од незнаење или владата сакала да испрати некакви пораки до гостинот и јавноста засега не може да се тврди со сигурност.