Во Собранието денеска ќе се најдат Измените на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кои се предвидува повторно да се дозволи владини пари преку видео реклами да влезат во приватни медиуми.
Станува збор за реклами кои ќе бидат дел од кампањи за „јавно добро“.
Новинарските здруженија како ЗНМ, ССНМ и МИМ неколку пати јавно се изјаснија против ваквиот начин на финансирање на приватните медиуми кој беше пракса до 2018 година.
СДСМ додека беше опозиција критикуваше дека со тоа се поткупуваат медиумите, како и дека нивното корумпирање беше очигледно преку уредувачката политика наклонета кон тогашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е дванаесетта промена на Законот за медиуми од 2013 година, кога за првпат е донесен во парламентот. РСЕ
