Во скопската населба Ченто се случува судир меѓу централната власт на СДСМ и ДУИ и локалната општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот на општина Гази баба Бобан Стефановски на барање на граѓани иницира одстранување на возила кои надвор од законот со години вршат продажба во скопската населба Ченто но неговата иницијатива е бојкотирана од институции кои се под контрола на владата.

Иако Државниот пазарен инспекторат и МВР биле информирани за акцијата тие не учествувале во неа односно воопшто не се појавиле.

Акцијата почнала денеска во 10 часот но во неа не учествувале инспектори од ДПИ а општинските инспектори биле обезбедувани само од полицајци од Полициска станица од општа надлежност кои немаат ингеренции да ги одстранат дивите продавачи.

,,Кој и зошто не сака решавање на проблемот со незаконските продавачи паркирани на улица Маџари, пред пазарот во Ченто⁉️👇

Почитувани граѓани на општина Гази Баба,
Имајќи ги предвид големиот број на реакции од граѓаните по однос на состојбата со незаконски паркирани возила на улица Маџари, пред пазарот во Ченто кои вршат на диво продажба на земјоделски производи, на 07.12.2021 година оддржав состанок со администрацијата на која дадов насоки за организирање на заедничка акција со повеќе државни институции за спроведување на Законот и ставање ред во сообраќајот.
Заедничката акција беше закажана за денес, 13.12.2021 година во 10 часот.
Имајќи ги предвид законските надлежности поврзани со фактичката состојба и тоа која државна институција може да постапува, истиот ден на 07.12.2021 година се обративме писмено до Државниот пазарен инспекторат да испрати свои инспектори со цел исполнување на нивните надлежности, а истовремено истиот ден, 07.12.2021 година доставивме допис до Министерството за Внатрешни работи, поточно до ЕБПС при СВР Скопје со цел отстранување на возилата со земјоделски производи кои се незаконски паркирани.
Со жалење сакам да ги информирам граѓаните и јавноста, дека ниту Државниот пазарен инспекторат, ниту Сообраќајната полиција не испратија свои екипи на закажаната акција за да ги исполнат своите законски надлежности.
И покрај директната опструкција на закажаната акција, од страна на Државниот пазарен инспекторат и Сообраќајната полиција, инспекциските служби на општина Гази Баба, со асистенција од полициската станица од општа надлежност Гази Баба (која се грижела за безбедноста на инспекторите), денес излегоа на терен при што се напишани казни, согласно Законот за јавна чистота.
Опструкциите од државните институции нема да не поколебаат во остварувањето на нашата цел и барањето на граѓаните за ставање ред околу пазарот во Ченто.
На увид на граѓаните и јавноста ги ставам дописите кои се доставени до државните институции кои денес не излегоа да ги исполнат своите законски надлежности”, пишува градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.

Линк до статусот на градоначалникот

https://www.facebook.com/102916392109438/posts/137025618698515/