Министерката за одбрана Славјанка Петровска во Париз замина во работна посета на Франција и на средба со нејзиниот колега, францускиот министер за вооружените сили, Себастиен Лекорну во Париз.
,,🇲🇰 🤝 🇫🇷 Франција и Македонија се значајни партнери, а со потпишувањето на Договорот за соработка во одбраната се отвораат нови перспективи во билатералните односи меѓу двете земји. Засилената економска и севкупна билатерална соработка, како и НАТО сојузништвото се дополнителни одредници за кои сме упатени едни кон други да соработуваме и да се поддржуваме.
👉 Како сојузници во Алијансата, остануваме посветени во градењето на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот. Имаме исти предизвици, треба да најдеме заеднички решенија. Клучот за безбедна и просперитетна иднина на регионот е во демократизацијата и засилената европеизација на Западен Балкан”, објави Петровска која посетата на продолжи со работна средба со генералот Беноа Дуре во Институтот за високи студии за национална одбрана на Франција како и средба со наши претставници од дијаспората.
Петровска која важи за модна икона на македонската влада во Париз промовираше ново парче облека кое досега не е видено во нејзината модна колекција на која можат да и позавидат другите министерки во владата и јавни личности.
Засега не е познато кој ја облекува министерката Петровска иако јасно е дека се работи за некој моден креатор или стилист.
Фотографиите се од фејсбук страната на министерката Петровска
Дали е министерката за одбрана најелегантно облечен член на владата (ФОТО ГАЛЕРИЈА)