Најдобро облечениот член на владата министерката за одбрана Славјанка Петровска повторно блесна со одлично дизајнирани парчиња облека.

Петровска во сиот свој сјај се појави на традиционалната предновогодишна средба со поранешни министри за одбрана, поранешни началници на Генералштабот, пензионирани генерали и генерали на Армија на Република Македонија каде се дискутирало за минатите и новите предизвици и цели за одбраната.

Петровска во придружба на претседателот Пендаровски промовираше две модни парчиња кои се сон на секоја жена.

Едното дизајнирано за неа парче е црвен капут скроен во форма на панделка а другото фустан во сива боја со колан од истиот материјал како и фустанот.

Петровска е позната како политичарка која многу внимава на својата гардероба на јавни настапи и досега ретко се случувало таа два пати да се појави со иста облека на два различни настани.

Досега таа не открила кој ја облекува односно кој ги дизајнира нејзините модни изблици.

Поврзани вести

Најелегантно облечениот член на владата промовираше ново парче мода (ВИДЕО)