Во одсуство на релевантни “oppinion makers” Владата во игра за успешен референдум ги внесува и последните резерви како Хитлер кој во април 1945 година во војната внесувал деца на 14 годишна возраст.
За да ни објасни колку е добар договорот со Грција се потруди и владиниот “пиарџија” и аналитичар Жарко Трајаноски кој тврди дека сега со договорот Македонците во Грција ќе може да ги уживаат сите права согласно меѓународните документи кои Грција ги има ратификувано.
“Ако мислиш на Македонците во Егејска Македонија, кои зборуваат македонски јазик (како дел од групата јужнословенски јазици), овој договор ги унапредува и нивните права. На пример, сега ќе можат да бараат остварување на нивното право да се школуваат на мајчиниот македонски јазик, кој Грција експлицитно го признава како македонски јазик. Исто така, договорот со ништо не ги ускратува нивните права од другите меѓународни конвенции кои ги има ратификувано Грција како земја членка на ООН, Совет на Европа и ЕУ. Согласно повелбата на ЕУ, сите граѓани на ЕУ имаат ем право да бидат заштитени од дискриминација врз основа на државјанство, ем од дискриминација врз основа на етничко потекло”, пишува Трајаноски на социјалните мрежи.
Проблемот во овој случај е што Трајаноски како магистер по човекови права со овој став целосно им ги одзема сите права на нашинците во Грција.
Причината е проста, Грција ја нема никогаш ратификувано Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, која според владиниот аналитичар треба да обезбеди права на Македонците во оваа земја.
За разлика од најголемиот број други членки на ЕУ како Унгарија, Грција 19 години по потпишувањето нема ниту намера да ја ратификува.
Како резултат на тоа и на другите политики на Атина кај јужниот сосед се признава само муслиманско малцинство во Тракија а за Македонско досега не станало ни збор.
Трајаноски кој на јавноста ѝ е познат како граѓански активист и учесник во Шарената револуција воопшто не го споменува членот 49 од уставот со кој земјата во иднина ќе може да се грижи само за емиграцијата од Македонија во странство но не и за автохтоното македонско национално малцинство во соседството.
Жарко Трајаноски од минатиот месец за непозната сума денари е ангажиран за извршување професионални задачи за потребите на Секторот за односи со јавноста на Владата на РМ, конкретно според владата Трајаноски е ангажиран за истражувања и анализи,