Владика Пимен ја симна капата пред Ел Капитано: Почитувајте го Столе, има став

Владиката Пимен кој не важи за силен противник на промената на името бара граѓаните што не се согласуваат со ставовите на Стојанче Стоилов да го поддржат.

“Почитувајте луѓе и со дијаметрално различен став од вашиот. Барем го имаат. Чувајте се од оние што го немаат и ги води толпата за да се чуствуваат силни и безбедни.

Не ја уништувајте почитта и заслугите на други полиња на реализираните личности само поради нивните ставови.

Немојте да бидете спремни и другарства да згазите поради спротивните ставови.
Спротиставеноста на ставовите може да нè води напред, а не топењето во толпата под влијание на медиумите.

Stole Stoilov треба да е почитуван од секого како шампион кој ни донесол многу радости, но и како човек што цврсто стои на својот став и не се плаши од тоа.

Капа долу Ел Капитано!”, порача епископот на МПЦ за Стојанче Стоилов по вчерашниот триумфален настан на плоштадот Македонија.

Веднаш по објавување на својот став за Столе владиката Пимен беше нападнат вербално од приврзаници на власта за кои Столе е националист.