Невакцинираните на извесен начин се потенцијални самоубијци, а за самоубијците, според Црквата, нема место во Царството небесно, предупреди во гостување на ТВ Алфа владиката Петар.
„Не сакам да ме разберете погрешно, но ако јас не се вакцинирам, а дојде до смртен случај, тогаш јас сум потенцијален, па дури и вистински самоубиец. А вие добро знаете дека на самоубијците не им е дозволено да влезат во Царството небесно“, рече владиката Петар.
Тој додаде дека Црквата не е против оние што не сакаат да се вакцинираат од оправдани здравствени причини, но нејзин став сепак е дека секој треба да се имунизира, бидејќи вирусот може да му го искомпликува здравјето и животот.
