Владата задолжена до гуша со скап кредит од германскиот пазар

Власта се задолжи со 250 милиони евра, но прашањето е зошто преку германскиот пазар, а не преку евтин кредид од ММФ со камата од 1%. Дилемите во јавноста се големи, но од Владата велат дека тоа сега било најповолната опција, иако таа дополнително ќе го зголеми и онака големиот јавен долг. Најновата таканачера регистрирана обврзница е дури 6 пати поскапа од кредиот што наводно беше договрен со ММФ. Сега каматата ќе изнесува 3,75% со 18 месеци грејс-период плус 6 месечен ЕУРИБОР, каматна стапка која сега е 1,85%, но со тендеција да расте во наредниот период.

Парите, како што велат, ќе се трошат за отплата на стари кредити, но и за полнење на буџетските дупки и ублажување на енергетската криза, односно скапата индустриска струја.

Економистите не се изненадени што власта повторно тропа на вратата на монетарците за да бара извор на финансиска поддршка. Но, сепак, реагираат што владата го презентира овој чекор како обезбедување пари за потребите на граѓаните и стопанството. Поранешниот помошник министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека задолжување од 250 милиони евра со високи камати е без план за државата, а власта размислува само како да издржи до избори.

Како констатираа дека баш 250 милиони евра ќе бидат доволни, кога немаат никаков конкретен план за мерки? Мерките за стопанството и граѓаните никаде ги нема. Зошто земаа кредит на толку кус рок? Дали случајно договорија грејс период од 18 месеци? Или владата си прави математики да издржи до редовни избори, а пота друг да мисли како ќе се враќаат парите, вели поранешниот помошник министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Проблемот со недостатокот на пари за годинава се решава со помали кредити од други финансиски институции. Напрво со 100 милиони евра од Европската инвестициска банка, а се задолживме и околу 50 милиони евра кај домашна банка (Шпаркасе банка).

Инаку до сега земјава има издадено 8 еврообврзници. На најголем износ се последните две, лани и годината претходна кои беа со износ од по 700 милиони евра.

Пари за ликвидност и тоа како се потребни за стопанството кое е соочено со бројни предизвици. И индустријата веќе алармираше дека без државна помош тешко ќе го издржи ударот, кој веќе на големо се чувствува кај сите.