Владата на денешната седница го назначи Зарко Милошевски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност.

Со тоа владата на СДСМ и ДУИ за нов шеф на АНБ избрала човек што одобрил рускиот шпион Онишченко да добие македонски пасош

Милошевски на позицијата директор доаѓа од позиција на помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во Агенцијата за национална безбедност, каде има и претходно повеќегодишно искуство во раководење, организирање и координирање на Одделот, но и во организирање и раководење со ресурсите на организационата единица за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот.

Милошески е дел од одделот до кој Јовче Ременски како шеф на секторот за тероризам и насилен екстремизам испраќа допис дека за Онишченко не се најдени негативни наоди за тероризам и криминал.

Како Милошески ќе соработува со стратешките партнери во НАТО и ЕУ кога и самиот како раководител на важен сектор во АНБ учествувал во операцијата во која Онишченко, кој според претседателот Пендаровски е руски шпион, добил македонски пасош засега е нејасно.