Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески не треба да биде уставен судија, е личниот став на вицепремиерката Славица Грковска што го истакна во интервју во „Топ тема“ на Телма.

,,Не сметам дека треба да биде уставен судија. Затоа што, она што требаше да го направи како Републички јавен обвинител, не го постигна на таа позиција и не гледам причина зошто понатаму би имал можност да продолжи со кариерата како уставен судија”, изјави Грковска.

Грковска се обидува да ја амнестира Владата за хаосот во правосудството затоа што според неа, ги направила сите предуслови што се барале од неа, како зголемување на буџетот на обвинителствата, вклучително и вработувањата.

Меѓутоа, Владата не може да го организира јавниот конкурс и изборот на истражители. Тоа е, сепак, обврска на правосудните органи, вели Грковска.

Грковска не кажува дека владата е таа што го предлага државниот обвинител и може да го смени кога ќе посака.

Владата на Грковска во Собранието го предлага Јовески за член на Уставното суд.