Видеото е снимено во Грција, во Негушката област во близина на Воден во селото кое на грчки се нарекува Марина.
Гости на годишната македонска прослава Влатко Миладиновски и групата составена од Македонци од Грција Македонски мерак (Македонико мераки).
Главната порака испратена преку песна на македонскиот собир во оваа грчка област е содржана во стиховите на песната:
Велат не постоиме, ама еве не,
велат не постоиме, но тука сме,
тука сме ние од пред Исуса,
на своја земја македонска
Тука сме, тука остануваме,
и име свето не менуваме.
Македонската забава се одржала завчера, а во најавата за настанот гостите беа поканети на традиционална македонска гозба.
Атмосферата во видеото јасно покажува колкава грешка права македонската влада што го смени членот 49 во уставот со кој се откажа од автохтоно македонско малцинство и дали во Грција има Македонци различни од таканаречените гркомакедонци