Владата урива рекорди во користење на зборот ,,северна” кој на насилен начин беше додаден со уставните измени по Преспанскиот договор.

И додека голем дел од луѓето во владата кога зборуваат за Макеоднија од срам неретко користат само Македонија, владата во соопштенија како да ужива да го употребува географскиот термин.


Еден од рекордите во оваа категорија е постигнат денеска во соопштението за предлогот за уставни измени.

Во првата реченица од соопштението за владиниот предлог дури три пати се користи ,,северна” иако малку писмен автор би можел да помине со една или ниедна ,,северна”.

Вкупно во краткиот текст Северна Република Македонија се користи фантастични 13 пати или колку речиси половина од целиот текст.

Кој е авторот на овој опсесивно – компулсивен текст за северна во соопштението не пишува.

Целото соопштение

https://vlada.mk/node/33939