Владата свесно лажела или не знаела што збори за “Растот” на извозот

Контроверзните тврдења на власта за наводен пораст на македонскиот извоз за првите три месеци од годинава се побиени од екс заменичката министерка за финансии во техничката влада Гордана Димитриеска-Кочоска.

“Повторнo помпезен ПИАР на Владата. Дали е извозот годишно пораснат за 29% во првиот квартал на 2021 година!
Ако ја гледаме вредноста во долари да. Ако ја гледаме вредноста во денари и евра НЕ. Вредноста на извозот во денари (и евра) е порасната за 18% во првиот квартал на 2021 година во однос на истиот период лани. Растот од 29% е врз база на доларската вредност и во себе ја содржи депрецијацијата на американскиот долар од околу 8,5% за една година (или апрецијацијата на еврото и денарот во однос на доларот).
Плус, ова е номинален раст од 18%, тоа значи во себе содржи и количинска и ценовна промена. Вистинскиот раст на извозот (количински) кој е составен дел и од БДП, дава друга слика”, објаснува Димитриеска-Кочоска која објавува дека податоците за март за извезените количини сѐ уште не се објавени, но во периодот јануари-февруари 2021 година во однос на истиот период лани имаме количински пад на извозот од 4,9%, при номинален раст од 9,8%.

“Ова значи дека не произведуваме и извезуваме повеќе, туку дека растат цените на извезените производи.
И уште нешто, Заев и Владата се фалат за растот на извозот којшто во најголем дел е генериран од новите производствени капацитети во слободните индустриски зони. Оние кои ги донесе претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, а кои беа жестоко критикувани од оваа Влада. Не знам на овие од власта како не им е срам! Или пак, па и нема со што да се пофалат самите, не направија ништо за 4 години владеење! Добро е што претходните политики уште не вадат како држава и во ваква криза!”, заклучува екс заменичката министерка за финансии.