Владата се испофали за ,,чист македонски јазик”, Фронтекс не го ни спомна

Додека владините апологети се фалат со потпишување на договор со Европската агенција за контрола на границите на ,,чист македонски јазик” на објавите на Фронтекс нема ниту М од македонски јазик.

На веб сајтот на Фронтекс воопшто го нема македонскиот јазик затоа што Македонија не е дел од ЕУ но ниту во објавите на агенцијата не се спомнува македонски јазик.

,,Мило ми е што го потпишувам овој статусен договор денеска бидејќи ќе ја зајакне нашата соработка за миграција плус управување со границите.
@Frontex ќе може да распореди постојан корпус за да работи рака под рака со граничарите на С. Македонија”, пишува еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон која воопшто не споменува дека договорот е потпишан на македонски јазик иако знае дека тоа е дел од пропагандата на владата во Скопје.