За периодот од понеделник до денеска ЕСМ за струја купена од трговци плаќа 2 милиони евра. Да ја купеше оваа количина на берзата ХУПЕКС оваа струја ќе чинеше 800.000 евра поевтино. Ако не се откажани нарачките ќе превземе ли некој нешто?
Државната компанија ЕСМ набави струја за која плати 800.000 евра поскапо од сумата што би ја платиле ако електричната енергија ја купиле по цените на унгарската берза ХУПЕКС. Струјата е набавена за четири дена од понеделник, 26 декември годинава, па до денеска (29 декември 2022 година), објавува порталот Фактор.
На овие две набавки ЕСМ, кои се објавени на нивната веб страница ЕСМ, од три трговски компании нашиот државен производител набави 12.240 мегаватчасови електрична енергија.
Доколку ја набавеше оваа количина електрична енергија по цени од берзата ХУПЕКС ЕСМ ќе платеше 800.000 евра помалку од сумата што вкупно е платена на овие компании.
За да биде целосен контекстот на овој „подвиг во справувањето со енергетската криза“ цената што ЕСМ ја плаќа за струјата за овие четири дена изнесува 2,02 милиони евра. Односно 40% поскапо од берзанската вредност на струјата.
Повеќе детали на овој ЛИНК