Приватна компанија “Индустри сервис” која добила грант од 10.000.000 денари за изградба на фабрика од владата на СДСМ, сега руши рекорди во добивање на милионски тендери во вредност од неколку милиони евра од истата таа влада, објавува екс министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

,,Со договорот за вршење на угостителски услуги односно набавка на храна за потребите на полициските службеници и лицата кои се на обука во Центарот за обука на МВР во Идризово помеѓу МВР на Оливер Спасовски и фирмата Индустри сервис, Министерството за внатрешни работи ќе потроши до 440 милиони денари, односно 7 милиони и 150 илјади евра за исхрана”, вели Чулев кој прашува зошто МВР набавило скапа нова опрема за приготвување на храна во износ од неколку стотици илјади евра, ако планирало услугите за исхрана да ги даде на приватна фирма.


Дополнително според Чулев, се отвора и дилемата што ќе се случи со кадарот вработен во Министерството за внатрешни работи, десетици кувари, готвачи и келнери кои до сега беа ангажирани да подготват храна за полициските припадници.