Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, поднел оставка уште пред месец и пол дена, но додека не биде пронајдена негова замена, оставката не се прифача, обзнани денеска премиерот Зоран Заев.

„Рашковски поднесе оставка пред месец и половина и ќе ја извршува функцијата додека не дојде нов генерален секретар. Ќе има нов генерален секретар, но немаме донесено се уште одлука. Штом ќе ја донесеме, таа одлука ќе ја соопштиме, рече Заев.