Изминуваат 4 недели откако екс членката на УЧК кадар на ДУИ и член на извршниот одбор на Македонски Телеком јавно се закани со војна а таа се уште е функционер и прима висок месечен како дел од менаџментот во германската компанија.

На почетокот на ноември Шкодране Дардишта, поранешната директорка на службата за општи работи на Клиничкиот центар, поранешен член на УЧК и актуелен член на управниот одбор на Македонски телеком од ДУИ, незадоволна од развојот на настаните на политичката сцена, упати закани преку својот профил на Фејсбук.

„Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него“, напишаа таа.

По силната реакција на социјалните мрежи и онлајн медиумите и заканите дека претплатниците на Македонски Телеком ќе се префрлат на конкуренцијата германската фирма реагираше и побара владата да ја смени Дардишта од нејзината позиција во една од најбогатите фирми што работат во Македонија.

Македонски Телеком на седми ноември јавно се огради од приватниот став на г-ѓа Шкодране Дардишта изнесен на социјалната мрежа Фејсбук и побара владата на СДСМ и ДУИ да реагира по заканите за војна.

,,Го осудуваме ваквиот личен став и наскоро очекуваме реакција од Владата, која ја постави г-ѓа Дардишта како независен член на Одборот на директори на Македонски Телеком”,беше тогаш наведено во соопштението.

Од тогаш изминаа цели 23 дена во кои Владата имала повеќе седници но нема никаква реакција за Дардишта согласно барањето од Македонски Телеком.

Владини извори неофицијално велат дека досега оваа точка не дошла на дневен ред на владата ниту пак ја покренал некој од министрите.

Од таму немаат официјален одговор зошто Владата не го послуша Македонски Телеком и не ја менува Дардишта.