Владата набавува вакцини за деца против Ковид, Комитетот за имунизација молчи: До кога ќе се информираме од Интернет и од пријателите во странство?

Во повеќе земји во светот имунизацијата на децата против ковид е во полн ек. Засега најмладите се вакцинираат само со вакцината произведена од компанијата Фајзер, освен во Кина, каде што се одвива вакцинацијата и на децата од 3 години нагоре со вакцините од нивните фармацевтски компании. Што се однесува до земјите во Европа, Европската агенција за лекови (ЕМА) уште во текот на ноември одобри употреба на помала доза на вакцината „Фајзер“ за деца на возраст од пет до 11 години, откако беше одобрена за возрасните пред повеќе од половина година, односно во мај пренесува Фактор.мк.

Македонската Влада веќе објави дека веќе се нарачани вакцини од американско-германскиот производител и за најмладата популација и тоа првичната пратка од 10.000 дози, треба да пристигне заедно со уште 40.000 дози од оваа вакцина за возрасната популација. Сепак, во Македонија се уште нема јасна препорака за имунизација против ковид на деца од 5 до 12 години бидејќи, Комитетот за имунизација се уште се нема јавно произнесено во однос на ова прашање. По прес-конференцијата на владините портпароли, јавноста единствено знае дека единствен услов за вакцинирање на децата со оваа вакцина е да се согласат родителите кои задолжително треба да бидат со нив при вакцинирањето пишува Фактор.мк.

-Не ми е јасно како од Владата велат дека нарачуваат вакцини за децата, а оние кои треба да дадат препорака молчат. Каде е да се произнесе Комитетот за имунизација? Зошто ништо не кажуваат. Од нивна страна е крајно несериозно ваквото однесување. Препорака за ова треба да има од стручни лица, а нив никаде ги нема. Затоа и досегашниот опфат на вакцинацијата против ковид е се уште под 50 проценти во земјава. Луѓето се неинформирани целосно, се плашат. Ние дома возрасните сите сме вакцинирани, и јас и сопругот, нашите родители, но децата кои имаат 7 и 10 години не се, се разбира. До кога треба да читам од интернет и да разменувам искуства со пријателите кои живеат во странство за да бидеме информирани. Несериозноста на Комитетот за имунизација придонесува до ваква состојба. И овие 10.000 дози кои треба да стигнат, ќе бидат премногу. Не верувам дека некој кој има деца на таа возраст дека ќе ги однесе да ги вакцинира, вели Р. Н. Од Скопје за Фактор.мк.

Линк до целиот текст.