Таму каде што има комисии и тендери може да краде а таму каде што нема ризик и се набавува во четири очи владините претставници можат да крадат без опасност.

Ова е главната порака од видеото снимено од владата во рамки на кампањата против корупцијата.


Во пропагандните видеа од кампањата (што ја добија фирми кои допрва ќе докажуваат дали парите што ги добиле за глупите видеа се делени со партиски претставници) а чини најмалку 300 илјади евра владата во своите пораки не вели дека крадењето од народот е лоша навика и дека треба да се чесни сите што одлучуваат за народните пари.

Напротив, во видеата се порачува дека крадењето било опасно, имало тендери и комисии што потсвесно укажува дека таму каде што има договор во четирите очи се краде без опасност и на ангро.

Актерката што ги глуми стотиците луѓе од СДСМ и ДУИ што одлучуваат за тендерите не му вели на тој што сака да ја корумпира дека ќе го пријави во МВР или обвинителството туку дека не сака да го преземе ризикот. Поточно порачува дека ако е опасноста мала може да се договорат за провизија.

Тие што ги правеле видеата и тие што ги одобриле во владата практично го откриваат целиот систем на корупција во власта.

Настана тоа што самата продукција и јавна набавка на кампањата влегува во колумната сомнителни зделки на владата на Заев.

Според анализа на повеќе организации владата на Заев троши стотици милиони годишно на тендери го четири очи, со само еден понудувач или со тендерски критериуми кои што се специјално дизајнирани за одреден понудувач.

Дали набавката на Модуларната болница во која живи изгореа 14 луѓе е дел од оваа приказна ќе ви откријам многу скоро.

Веднаш по своето доаѓање Заев во владата во 2017 година со образложение дека ги кочи набавките го укина владиното тело за контрола на јавните набавки.

Пет години подоцна мене ми е совршено јасно зошто се случи тоа.

Уживајте во видеото кое ни порачува дека ако не е опасно и нема тендер и ризик, ако сте во владата слободно може да крадете од народните пари.

Најнова вест

Ќе и забрани ли Вашингтон влез во САД и ќе и го замрзне ли имотот за дестабилизација на Балканот?

Македонија без Северна: Конгресменка на САД не ја почитува извршната наредба на Бајден за Преспа