Владата купува луксузни пијалоци за 3 милиони денари, открива ВМРО-ДПМНЕ

Владата одново не уверува дека со СДСМ и ДУИ на власт луксузот на функционерите на државен трошок нема да запре, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

„Во најголемата криза, кога една потрошувачка кошничка не може да се покрие со две минимални плати, и кога половина милион наши сограѓани живеат со под 150 денари на ден, Владата на Ковачевски преку СОЗР троши пари на скапи и луксузни пијалоци и јадења. Во наредниве неколку дена ќе објавуваме документи како власта се луксузира, на сметка на народот, најави Митева

И кога нема пари за болните од цистична фиброза, кога нема за инсулин или за друг вид терапија треба да се сетиме дека Ковачевски преку Службата за опти и заеднички работи (СОЗР) купува скапи и луксузни пијалоци за 2.950.000 денари.

Според Митева, на 24.04.2023 година веќе бил склучен договор помеѓу СОЗР и три економски оператори…