Спроведувањето на референдумот ќе чини 3,5 милиони евра а парите ќе бидат обезбедени со прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници.

Одлуката за ова беше донесена на денешната седница на собранието со 64 гласа „за“ и ниту еден „против“ .

Од Министерството за финансии велат дека со прераспределбата се кратат помали суми од повеќе поголеми буџетски корисници, за да се пренаменат 210,4 милиони денари за референдумот за кој парламентот, со 68 гласови „за“, одлучи да се одржи на 30 септември.

Референдумот ќе биде консултативен, со рферендумско прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.