Владата ќе плаќа фантастични 155 денари или 2,5 евра за минута на ,,специјалисти” на Бехтел и Енка кои ќе бидат ангажирани согласно договорот меѓу владата и американско – турскиот конзорциум.
Според договорот за кој се уште нема демант од владата таканаречените специјалисти ќе добиваат 9350 на час или 150 евра.
На дневно ниво наводните специјалисти ќе добиваат околу 75 илјади денари или речиси 4 просечни месечни плати.
Кој е научниот, образовниот, технолошкиот или личниот профил на овие луѓе што за 6 месеци ќе заработат 2 милиони и 190 илјади евра засега не е познато.
Овој скандалозен дел од договорот вечерва го објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.
Николоски го објави најсомнителниот дел од договорот за изградба на коридорите (ДОПОЛНЕТО)