Владата сепак ќе одржи свеченост по повод пуштање во употреба на автопатот Миладиновци –Штип, кој требаше да биде готов уште минатата есен.
На свеченоста што ќе се одржи утре во 11 часот во Свети Николе ќе присустуваат премиерот, министри, претставник на амбасадата на Народна Република Кина.
По автопатот се вози веќе еден месец.
Автопатот со должина од 47 километри почна да се гради во 2014 година, а неговата изградба чинеше 177 милиони евра.