Влијателен ,,Твитерџија” анализира дека Ковачевски на последната затворена владина седница со одлуката да му се одземе државјанството на рускиот агент Онишченко ,,на тапет” го става и Оливер Спасовски како шеф на МВР каде не виделе или не сакале да видат дека им биле поднесени лажни докази од човекот кој сакаше да го уништи Бајден.
,,Владата со објавата дека по чл.14 ќе го поништи решението за државјанство, ЈА ПРОШИРИ ОДГОВОРНОСТА и кон Спасовски Оливер и ОСЛ од МВР кое собрало “лажни докази”* дека Онишченко исполнува услови за да добие Македонско државјанство”, тврди профилот Демир на Твитер кој го посочува
членот 7 од Законот за државјанство.
Иако деновиве на тапет на јавноста за скандалот со рускиот агент е АНБ и директорот Виктор Димовски всушност институцијата одговорна за издавање на пасошот е МВР.
И Спасовски по скандалот се обиде целата вина за случајот да ја префрли на Димовски и АНБ.
Овој профил предходно објавуваше низа информации и анализи за скандали и случаи кои во огромен процент се покажаа како точни.
💥 Владата со објавата дека по чл.14 ќе го поништи решението за државјанство, ЈА ПРОШИРИ ОДГОВОРНОСТА и кон Спасовски Оливер и ОСЛ од МВР кое собрало “лажни докази”* дека Онишченко исполнува услови за да добие Македонско државјанство.
–
*член 7 од законот за државјанство pic.twitter.com/OJEIRIKM2R— Демир (@Trollowsky) November 24, 2022