Владата ја демантира фотографката Мехмети која се пожали дека не добила пристап на владин настан

Владата на Република s. Македонија најостро ги демантира наводите и тврдењата во текстот под наслов „Советник на Заев во вербален инцидент со медиумски работници: ” …сега најдовте да зборите”, објавен на вашиот портал „Expres“ на линкот https://www.expres.mk/sovetnik-na-zaev-vo-verbalen-incident-so-mediumski-rabotnici-sega-najdovte-da-zborite/

“Ништо од напишаното не е точно. Тоа се груби манипулации за што Владата ќе ги извести и ЗНМ и ССНМ.

Фото активистката и репортерка користи за манипулација сегменти од случка од 2018 година која имаше позитивна разврска, а пак никако не е поврзана со активностите на аеродромот.

Ова се фактите:

01. Бројот на лица присутни на писта секогаш е строго ограничен и подразбира исклучително прецизен безбедносен протокол дефиниран од безбедносните и аеродромските служби. Тој не зависи од ПР службите, иако ПР службите секогаш се борат за место повеќе.

02. Владата успеа да обезбеди пристап до сите заинтересирани претставници на медиумите на аеродромската писта со цел да се обезбеди можност да се сними пристигнувањето.
Тоа е огромен исклучок во полза на медиумите за кој успешно се ангажираше прес службата на Владата. Не е вообичаено присуство на медиуми на писта, а во овој случај дури и медиумските изјави се даваа на самата писта.

03. Вербалните напади полни со неточни информации се груба манипулација со јавноста, со медиумската фела и со институциите за што Владата ќе пристапи со прецизна и точна информација до медиумските и новинарските здруженија.

04. Владата работи на постојано отворање на институциите и на обезбедување пристап до информации за медиумите, но нема да дозволи вработените во Владата да бидат предмет и цел на вербални лаги, манипулации, навреди и напади.
Бараме демантот да биде објавен, а вашиот текст да биде повлечен”, пишува во реакцијата на Канцеларија на портпарол на Влада на Република Македонија за наводите на Мехмети за текстот кој врз основа на изјавата објавена од фоторепортерката.

Со оглед на низата лажни вести што досега го пласирала владата како на пример за добиениот датум за преговори со ЕУ редакцијата expres.mk реши да и верува на фотографката Арбнора Мехмети за нејзините наводи во постот на Фејсбук и затоа нема да го повлече текстот.

Освен тоа ако текстот кој го цитира и владата во својата реакција биде повлечен граѓаните нема да можат самите да споредат и да проценат кој е во право.

Правна поука: Му препорачуваме на портпаролот на Владата Душко Арсовски заедно со Владата, дека може согласно законот за граѓанска одгороност да поведе постапка против тој што ја дал изјавата и медиумот кој што ја пренел.

Владата може да да се обиде да го забрани пренесениот став на фоторепортерката Мехмети и со судска одлука преку своите соработници во правосудството.

Советник на Заев во вербален инцидент со медиумски работници: ” …сега најдовте да зборите”