Владата го навреди Трамп во официјално соопштение

По погрешни државни знамиња за високи странски гости, неподготвен пречек за американски министер за одбрана и низа други грешки на владиниот протокол кој Македонија ја стави во групата земји за потсмев меѓу дипломагите денеска власта го навреди и американскиот претседател Трамп.

Во официјално соопштение на владината служба за пропаганда за настан кој нема врска со САД до јавноста е доставена фотографија во која се исмева Трамп и се тврди дека тој има сестра во Србија.

Грешката е исправена за неколку минути но срамот дека македонската влада игра мајтап со шефот на стратешкиот партнер ќе остане како што ќе остане и дилемата дали навистина се работи за гаф или за смислен обид да се навреди Трамп кој не дели исти идеолошки погледи со актуелната македонска левичарска власт.