Владата „глува“ за барањето на ДКСК да нема „автопати без тендер“

Владата нема да ја послуша Антикорупциска комисија(ДКСК) и нема да го стопира процесот на преговори со „Бехтел-Енка“, пренесуваат медиуми откако вчера вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи рече дека ќе продолжат договарање на деталите бидејќи тоа го дозволува законот.

„Државната комисија за спречување корупција дава предлози, ние секогаш сме ги слушале, но не би сакале да прејудицираме дека исходот на оваа активност е таа која ДКСК сака да ја укаже“, рече Битиќи.

Антикорупциска достави Иницијатива пред Уставниот суд за оценување на уставноста на Законот за стратешко партнерство со компанијата „Бехтел–Енка“ кој предвидува изградба на делници од Коридорот 8 по системот „клуч на раак, но и без тендер.

Законот „Бехтел–Енка“ да гради автопатишта во земјава без да се објави јавен оглас помина и во Собранието е беше потпишан од претседатењлот Стево Пендаровски и покрај предупердувањата да не го стори тоа од антикорупционерите.

По доставувањето на Иницијативата до Уставе, од ДКСК соопштија дека ќе бараат од Владата да се стопираат сите следни чекори на договарање со Бехтел Енка, се до носење на конечна одлука од страна на уставните судии.