Причината што владата до 9 часот изутрина ги криела двата документи поврзани со македонските преговори за ЕУ е во тоа што тие се неповолни за Македонија смета претседателот на комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски.

,,До овој момент премиерот Ковачевски и министерот Османи до Собранието ги немаат доставено ниту бугарско-македонскиот Протокол , ниту францускиот предлог за преговарачката рамка, иако имаме кредибилна потврда дека ги поседуваат овие документи, како и дека учествувале во нивното усогласување заедно со владата во Софија. Ваквата нетранспарентност од владата кон Собранието е спротивна на принцинот на отчетност, а криењето на овие документи од пратениците остава сомнеш дека истите се неповолни за Македонија”, изјави утрово Милошоски во чија комисија за расправа мора да дојдат двата контроверзни документи за кои владата тврдеше дека не ги видела а всушност самата со месеци работела на нив.

За разлика од криењето во Македонија во бугарскиот парламент веќе е закажана седница на комисијата за надворешна политика на истите теми која ќе се одржи денеска во 15 часот.