Владата два дена молчи кој се на државна сметка се гоштевал во Белград

Владата два дена молчи на прашањето од „А1он“ колку ќе ги чини граѓаните тоа што над стотина луѓе на државна сметка патуваат на Саемот на Отворен Балкан во Белград како дел од владината делегација.

Порталот пред три дена упатило прашање до владата за составот и причините за патувањето на стотина луѓе кои присуствувале на скапиот настан кој во тек на кризната состојба која ја прогласи владата.

Предходно медиумите објавија дека само за организација на настанот агенцијата Рејтинг на Никола Спасов добила 400 илјади евра од владата

Портпаролот на владата Душко Арсовски не одговорил на ниту едно прашање од порталот.

Од владата кријат кој се бил на уживање во Белград на државна сметка во кризната ситуација.

Владата која што се фали дека е најтранспарентна во регионот не открива ни по кој критериум се поканети новинарите кои исто така бесплатно биле однесени во Белград.

Како и зошто во моментите кога Македонија се соочува со најголемата криза за енергија и храна во историјата владата потрошила огромни пари засега не кажува никој.

Сите детали на овој ЛИНК