Владата добила предупредување за увоз на опасни домати, АХВ молчи

Министерството за економија во текот на вчерашниот ден добило предупредување за увоз на загадени домати од странска држава во Македонија.

Според електронската порака која е испратена вчера пред полноќ до електронска адреса на министерството за економија од испраќач кој се потпишува како ,,земјоделец агроном” во Македонија деновиве влегле 10 камиони со домати кои содржат штетни состојки и претставуваат опасност по здравјето на граѓаните.

Повеќе од 12 часови од испраќањето на пораката за предупредувањето молчат владата и министерството за економија а молчи и Агенцијата за храна и ветерина која има законска обврска да ја проверува секоја храна која влегува во земјава, да ја тргне од продажба ако има причини и да ги информира граѓаните за опасност од нејзино консумирање.

Според предупредувањето кое освен до владата е испратено и до медиумите доматите се увезени од соседна држава.

Expres.mk не го објавува целото писмо со цел да не крева паника и затоа што е можно информацијата да е обид за заштита на домашното производство но апелира властите веднаш да ги спроведат потребните проверки и да ги информира граѓаните за можната опасност.

Поврзана вест

Апел до граѓаните да бидат спокојни затоа што се вршеле сите потребни проверки

Агенцијата за храна и ветерина негира увоз на опасни по здравје домати од Албанија

Најнови вести

Откако во текот на судењето и потоа не откри ништо сочно за власта

(ДПЛ) Пендаровски го одбил барањето за помилување од Катица Јанева