Владата демантира дека терорист на ИСИС добил македонски пасош

По прес конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски кој рече дека македонски пасош издаден во 2018-та година добил и косовскиот државјанин Фитим Дема, член на радикалната терористичка група ИСИС, реагираа од Владата.

„Владата најостро ги демантира и отфрла како невистинити тврдењата на пратеникот Антонио Милошоски дека наводно ‘премиерот Заев и министерот Спасовски делеле македонски пасоши на терористи од ИСИС’, се наведува во денешното соопштение од владината прес служба.

“Ова е брутална лага која има за цел да ја манипулира јавноста, да попречува случајот да се расчисти до крај и да направи штета на угледот на институциите кои посветено и успешно се справуваат со секаков вид криминал“, наведуваат од Владата.